Барселона без Чави Ернандез речиси еден месец!

Дисциплинската комисија од Ла Лига, ја одби жалбата на Барселона за поништување на казната на Чави Ернандез, па тој сепак ќе мора на ладење.

Како што веќе знаеме, Чави заработи црвен картон на мечот во кој Барселона убедливо го победи Атлетико Мадрид нагости.

Ла Лига одлучи да го суспендира на два натпревари, но бидејки му е ова втор црвен картон сезонава, Барселона реши да испрати жалба, но таа не им е уважена.

Ернандез нема да ја води Барселона на мечевите во Ла Лига против Лас Палмас и Кадиз, а со оглед на тоа дека помеѓу тие два меча има пауза во Ла Лига, бидеки на 6.април се игра Копа дел Реј, практично, Чави Ернандез ќе ја води Барселона дури на 21. април, кога е и Ел Класико.

Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 8 бодови предност пред Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО