Волф испрати отворена порака до Верстапен: Како ќе реагираат на ова во Ред Бул?

Тото Волф не би имал проблеми да го прифати Макс Верстапен со две широко отворени раце идната сезона, но порача дека знае со каков проблем се соочува овој тим во моментот.

Верстапен со Ред Бул има договор до 2028 година, формата на тимот е во нагорна линија и навидум нема причина за разделба, но последните случувања со Кристијан Хорнер и се погласната војна со Хелмут Марко, може да ги промени работите.

Самиот Макс Верстапен пред извесен период истакна дека нема причина да размислува за заминување од тимот, но и тоа дека во иднина не се знае што би се случувало.

– Со задоволство би го земал Макс Верстапен во нашиот тим, но прво мора да одработиме добро во гаражата и да направиме добар болид. Тоа им го должиме на нашите возачи. Мора да го испратиме подготвен болидот на патеката, пред да почнеме да сонуваме за идниата. Инаку, тоа е одлука на Макс Верстапен, бидејки верувам дека не постои екипа од актуелните во Ф1, која не сака да го види шампионот во своите редови. Ајде малку да попричекаме, имаме интересни опции, но нема да брзаме, порача Тото Волф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО