Џејдон Санчо е на сезонска позајмица во Борусија Дортмунд, а по завршување на актуелната, тој ќе треба да се врати во Манчестер.
Англискиот фудбалер се чини дека конечно почна да игра фудбал со одредена слобода и последното коло во Бундеслигата, тој го постигна првенецот за „милионерите“ по враќањето во клубот.
Неговото враќање во Дортмунд е маркирано на шест месеци или полу сезона, а потоа прашање е како ќе заврши неговата приказна бидејки знае дека во Јунајтед може повторно да има проблеми.
На Дортмунд во моментов Санчо им е прескап, бидејки заработува 350 000 фунти неделно, а тоа ни одблиску „милионерите“ не можат да си дозволат, па доколку Санчо посакува назад, ќе мора тоа да го намали драстично
Од друга страна, БИЛД тврди дека Борусија Дортмунд ќе се обиде да го врати Санчо назад, па за таа ситуација, имале наводно „ас во ракавот“ со кој можат да преговараат.
Споменатиот медиум тврди дека од Борусија Дортмунд планираат да им понудат на Јунајтед замена на играчи, односно во Дортмунд да остане Санчо, а во спротивен правец, кон Манчестер, да го испратат Дониел Мален, холандски фудбалер кој настапува на позиција напаѓач.
Тој сезонава во дресот на Дортмунд има 32 настапи и има скор од 13 погодоци и три асистенции во сите конкуренции.