Претставници на Челси биле во Шпанија на разговор со Мичел

Шпекулациите за менаџерската позиција во Челси продолжуваат и покрај тоа што Маурицио Покетино се’ уште е на чело на лондонсчани.

Според „АС“, претставници на англискиот клуб пред извесно време отпатувале во Шпанија за да се сретнат со Мичел Санчез, кој е тренерската сензација на клупата на Џирона во Ла лига.

„АС“ тврди дека англискиот клуб имал сериозна понуда за 48-годишниот стручњак. Но, овие разговори се случиле пред Мичел јавно да изјави дека неговите намери биле да остане барем уште една година во Џирона. Ова се случи на 26 февруари по победата над Рајо Валјекано.

Практично, тоа значи дека Мичел ја одбил шансата да го превземе Челси. Во Шпанија се сомневаат дека можеби има друга причина зад неговото одбивање.

Тоа се поврзува со фактот дека Мичел би бил еден од главните кандидати за менаџерската позиција во Манчестер сити откако Пеп Гвардиола ќе реши да го напушти клубот.

Во моментов, Шпанецот има договор со „граѓаните“ до летото 2025 година. Врската не е случајна, бидејќи двата клуба се во сопственост на „Сити Фудбал Груп“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО