Војната помеѓу Гранде Горан и инаетчијата Лотито: Македонецот повеќе не игра фудбал!

Во периодот кога Горан Пандев настапуваше во Лацио, сите добро знаеме за неговиот проблем со претседателот на тој клуб, Клаудио Лотито.

Како за потсетување на минатото, Горан Пандев влезе во конфликт со претседателот на клубот Лотито, поради тоа што за него доаѓаа интересни понуди, пред се задоволнителни за Лацио, но тие некако беа упорно одбивани а на Пандев не му се даваше шанса да излезе од клубот од Рим.

Според сведоштвото на Горан Пандев, во тој период до Лацио доаѓале понуди за трансфер од Баерн Минхен, Интер, Зенит, но Лотито упорно ги одбивал понудите.

– На претседателот Лотито му реков дека сакам да одам во друг клуб, дека по она што го дадов во Лацио (околу 70 голови), сакам нов предизвик. Но тие ми правеа притисок и сакаа да потпишам нов договор, а мојот договор со Лацио беше како оној од младинскиот табор, не заработував премногу.

– Лотито дури ме тргна и од прв тим, ми рече дека ти нема да играш повеќе фудбал. Тој период и Зенит со тренерот Занети дојдоа со приватен авион да достават понуда до Лацио (13,14 милиони), но Лотито им рече дека „Македонецот веќе не игра фудбал“.

– Потоа претседателот на Зенит го контактира мојот менаџер, на кој му соопштува што им рекол Клаудио Лотито, дека Македонецот веќе не игра фудбал, се со цел да се одвратат од интересот за мене. Потоа шест месеци сам тренирав, морав да го направам тоа, бидејки бев отстранет од тренинзите со првиот тим. Имав дури и пред договор со Севиља, но и тоа не се реализира потоа., сведочи Горан Пандев за траорното минато во Лацио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО