Војна за украдениот трофеј на Марадона од 1986 година: Ќе има судска постапка!

Наследниците од семејството на Диего Армандо Марадона, ќе поднесат тужба со цел да ја запрат најавената аукција на „Златната топка“ од 1986 година.

Станува збор за наградата која легендарниот ас ја доби во 1986 година на СП во Мексико. Овој трофеј со децении беше загубен, но неодамна се појави и предвидено беше да биде продаден на аукција во Париз следниот месец.

Марадона кој почина во 2020 година, ја доби златната топка за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, каде ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до победа од 3:2 против Западна Германија во финалето.

Наследниците на Марадона тврдат дека трофејот е украден и дека актуелниот сопственик нема право на продажба или аукција, па по тој повод, ќе поднесат соодветна тужба за да ја оспорат аукцијата.

Но аргументот на аукциската куќа која пред повеќе години го купила трофејот, не знаеле дека всушност е украден и на тоа ќе ја темелат својата одбрана.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО