Првиот човек на Ла Лига го откри најважниот детал од трансферот на Мбапе во Реал М

Килиан Мбапе од следната сезона ќе го облече дресот на „кралевите“ и тоа ќе биде еден од најголемите трансфери ова лето.

Со овој фудбалер, Реал ќе има уште посилна екипа, подготвена за највисоки дострели.

– Тој доаѓа во Мадрид од идната сезона, да. Мбапе е еден од најбогатите и најдобри фудбалери во светот. Но тука се и Винициус и Белингем. Мадрид ќе има доста квалитетн тим, истакна првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Да потсетиме, Мбапе се уште нема титула во ЛШ, така да тоа може евентуално да му успее во новиот клуб од идната сезона.

Доста се шпекулура на колку години ќе потпишат Реал со Килиан Мбапе, но ете, Хавиер Тебас потврди дека е постигнат договор на пет сезони.

– Неговиот договор со Реал ќе биде потпишан на пет сезони, порача Тебас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО