Водечкиот тандем во МТЕЛ Супер кошаркарската лига ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром остварија победи во денешните дуели од 13.коло. Лидерот ТФТ како гостин го совлада Работнички со 88:84, а решавачки беше вториот период кој ТФТ го доби со 23:13. Најефикасни кај победникот беа Стенли Дејвис и Виктор Ташковски со по 20 поени, додека кај Работнички Виктор Ефремовски и Роберт Рикиќ со по 24.
МЗТ Скопје Аеродром оствари гостинска победа 85:73 против Феникс, но отпорот на ривалот беше „скршен“ во последниот период. Мек Смит-Меквен од МЗТ Скопје Аеродром со 20 поени беше најефикасен, додека кај Феникс Дејшон Дисон реализираше 18.
Во тек се дуелите Кожув – Тиквеш и Чаир – Пелистер.
На вчерашниот дуел Гостивар – Ангели 94:65, а утре се игра дуелот Маџари – МКК Куманово.
ТФТ е лидер на табелата со 25 бодови, МЗТ Скопје Аеродром има 24.
Фото: МКФ