Во празен гол – за историја: Карабатиќ стана најдобар стрелец на сите ЕП низ годините

Ракометарите на Франција направија крупен чекор кон полуфиналето од ЕП, со победата над Хрватска (34:32).

Никола Карабатиќ, е еден од најпопуларните ракометари во Европа, а доколку успеат да дојдат до финале и победат, тој ќе биде главната приказна.

Карабтиќ во 45. минута од натпреварот постигна петти погодок, свој последен на натпреварот (за водство од 26:22), а тоа е гол кој му е вкупно 289. в кариерата на своите 11 континентални првенства, со што сега тој стана најдобар стрелец во историјата на големите турнири.

Голот беше празен затоа што Хрватска, со оглед на тоа дека беше исклучен Срна, го жртвуваа голманот за во нападот да бидат во егал, па Карабатиќ непречено стрелаше.

Со овој гол, тој стана најдобар стрелец на Европските првенства, минувајки го исландскиот ракометар Валур Гудјон Сигурдсон, досегашниот рекордер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО