Во Париз одредени групите за Олимпискиот фудбалски турнир

Прес-службата на Олимписките игри ги објави резултатите од ждрепката за фудбалскиот турнир на игрите во Париз во 2024 година.

Олимпискиот фудбалски турнир ќе се одржи од 24 јули до 10 август. Во моментов се познати 12 учесници на натпреварот. Останатите четири екипи ќе бидат објавени на почетокот на мај. Резултати од ждрепката на Олимпискиот фудбалски турнир:

Група А: Франција, САД, Нов Зеланд, победник Африка 1/Гвинеја Група

Б: Аргентина, Мароко, Азија 3, Украина Група

Ц: Шпанија, Египет, Доминиканска Република, Азија 2 Група

Д: Парагвај, Мали, Израел, Азија 1

Најголеми фаворити за златото се Франција, Шпанија и Аргентина. Да потсетиме, на турнирот ќе можат да учествуваат и фудбалери кои во моментот на Игрите нема да имаат повеќе од 23 години, според прописите на натпреварувањето. Исто така, секој тим има право да вклучи тројца играчи во 18-члениот состав без старосни ограничувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО