Саутгејт сака да ја води Англија на СП 2026, но си остава отворена врата во Манчестер Јунајтед

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт треба да остане на чело на репрезентацијата за да го води тимот до Светското првенство во 2026 година. Ова го пишува весникот „Сан“, откако во последните денови се појавија информации дека поранешниот менаџер на Мидлсброу би можел да го замени Ерик тен Хаг на кормилото на Манчестер Јунајтед.

Сепак, Саутгејт веќе јавно изјави дека ќе одлучи за својата иднина по завршувањето на Европското првенство кон крајот на летото. Според изданието, она што ќе се случи во Германија најверојатно ќе има директно влијание врз неговата одлука. Во оваа фаза, според „Сан“, Саутгејт има намера да ја однесе Англија на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, исто така, доколку ова помине успешно.

Меѓутоа, се верува дека можноста 53-годишниот да го преземе еден од најголемите светски клубови може да биде преголем предизвик за него, оред се ако добие добра официјална понуда. Тој знае дека таква можност веројатно нема повторно да се појави. Проблем, сепак, ќе биде што Саутгејт нема да ја преземе работата на „Олд Трафорд“ пред крајот на ЕП, што значи дека ќе има само еден месец да се запознае и да ги подготви „црвените ѓаволи“ за новата сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО