Бразилскиот суд му ја потврди деветгодишната затворска казна на Робињо

Бразилскиот Суд одлучи дека поранешниот играч на Милан и бразилски репрезентативец, Робсон де Соуза, попознат како Робињо, мора да ја отслужи деветгодишната затворска казна за силување изречена во Италија, во Бразил.

Судењето пред Врховниот суд на правдата во Бразил, највисокиот суд во земјата за неуставни прашања, заврши со мнозинска одлука дека италијанската одлука е валидна во Бразил.

Во 2017 година, судот во Милано ги прогласи Робињо, и уште петмина Бразилци, како виновни за групно силување на 22-годишна Албанка во 2013-та, откако ја почестиле со алкохол во дискотека.

Пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во 2020-та и од Врховниот суд на Италија во 2022 година. Робињо (40) кој живее во Бразил постојано ги негираше обвинувањата.

Бразил не ги екстрадира своите граѓани, па затоа Италија минатата година побара Робињо да ја отслужи затворската казна во својата татковина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО