Имаше и солзи на крајот: Рафа Надал порача дека „овде е крајот!“

Рафаел Надал потврди дека ова му е последно учество на мастерсот во Мадрид.

Иако тој играше доста добро во Мадрид, сепак, турнирот го заврши во осминафиналето. Беше поразен од Јиржи Лехачка со 2:0 во сетови и на заминување од теренот, имаше свое простување од публиката и најава дека овде стапнал за последен пат како професионален играч.

За него организаторите подготвија специјален трофеј, по што имаше и краток говор од негова страна.

– Ова беше еден од оние моменти, кога ви доаѓа тешко на душата, но мојот живот и моето тело веќе ми праќаат сигнали.

– Мојот сон беше да завршам овде, на овој терен, имав среќа во животот својата страст да ја претворам во работа, привилегиран бев. Сон ми беше да играм на сите овие турнири, на кои имав успеси. Сакав да играм и во Монте Карло, но телото не ми дозволуваше. Кариерата оди кон крајот, имам уште неколку лични мотиви за следните недели и сакам да видам дали можам да ги остварам, порача Рафа Надал на крајот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО