Во Ливерпул чекаат информации за повредата на Робертсон

Левиот бек на Ливерпул, Ендрју Робертсон попладнево беше подложен на магнетна резонанца која треба да даде одговор на прашањето колку е сериозна неговата повреда на зглобот. Шкотланѓанецот беше заменет во 37. минута од вчерашната пресметка со Северна Ирска и веднаш го запали алармот на „Енфилд“ дека Јирген Клоп нема да може да користи еден од своите најконстантни играчи.
Робертсон пропушти повеќе од три месеци оваа сезона, откако мораше да го оперира рамото по тешката повреда на квалификацискиот натпревар со Шпанија минатиот октомври.

Тоа не е единствениот играч на Ливерпул кој има проблеми од последната пауза за репрезентативните настапи. Дарвин Нуњес ги пропушти контролите на Уругвај, но се очекува да биде подготвен за неделната пресметка со Брајтон. Ибрахим Конате, кој ги пропушти последните три натпревари на Ливерпул, веќе играше за Франција, па ќе биде на располагање и на Јирген Клоп. Трент Александар-Арнолд, Диого Жота и Алисон се уште се опоравуваат и тешко дека ќе бидат подготвени за овој викенд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО