„Лига на пари“ на Делојт: Реал Мадрид води пред европскиот првак Манчестер сити

Реал Мадрид го престигна актуелниот европски првак, Манчестер сити и стана фудбалскиот клуб со најголеми приходи. Реал генерирал рекордна заработка од 831 милиони евра во сезоната 2022/23, се наведува во студијата на бизнис-групацијата Делојт.

Сити падна на второто место и покрај рекордниот клупски приход од 826 милиони евра благодарение на тројната круна и триумфите во Лигата на шампиони (ЛШ), во Премиер лигата и во ФА купот.

Реал Мадрид за прв пат е на челната позиција од 2017/18-та и покрај тоа што загуби од Сити во полуфиналето на ЛШ и беше втор зад Барселона во Ла лига. Но тие го освоија „кралскиот куп“, Суперкупот на УЕФА и клупското Светско првенство (СП).

ПСЖ (802 милиони), Барселона (800 милиони) и Манчестер јунајтед (746 милиони) ја комплетираат првата петорка. Ливерпул бележи најголем пад, од третото падна на седмото место, со приходи од 683 милиони евра.

Приходите на најдобрите 20 клуба се зголемиле за 14 насто, и изнесуваат рекордни 10,5 милијарди евра. Во тоа се вклучени комерцијалните приходи и заработката од натпреварите од 4,4, односно 1,9 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО