Во Келн и во Хамбург продолжуваат натпреварите од завршната рунда на ЕП

Прелиминарната рунда натпревари на 16. Европско првенство (ЕП) во ракомет заврши. Најголемото изненадување го направи Австрија која ремизираше против Шпанија 33:33, што беше доволно за пласман во главната рунда и за прерана, за прв пат во оваа фаза, елиминација на Шпанците, прваците од ЕП 2018 и 2020-та.

Македонија со победата над Швајцарија и поразите од Франција и Германија, во конечниот пласман е на 17-та позиција, пред Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција и БиХ.

Од вечерва започнува главната рунда натпревари во која 12-те репрезентации поделени во Групата 1 и 2 во Келн и во Хамбург ќе се борат за пласман во полуфиналето и во финалето.

Во Групата 1 во Келн се Унгарија, Франција (пренесуваат по два бода од првата рунда), Хрватска, Австрија (по еден бод), Германија и Исланд (без бодови).

Утре на програмата се дуелите Унгарија – Австрија, Франција – Хрватска и Германија – Исланд..

Во Групата 2 во Хамбург ќе разигруваат Данска, Словенија, Шведска (пренесуваат по два бода),.Норвешка, Португалија и Холандија (без бодови)

Денеска се играат мечевите Норвешка – Португалија (15.30 часот), Данска – Холандија (18) и Словенија – Шведска.(20.30).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО