Во Баерн Минхен по долг период има сериозна и длабока криза, која на крајот може да резултира со губење на титулата во Бундеслигата.
Резултатите ни одблиску не им се на потребното ниво, а последната победа во домашното првенство, од Бохум ги разгоре страстите и под знак прашалник е тренерското место на Томас Тухел.
БИЛД пишува дека повеќе од половина екипа на лето ќе биде на продажба и дека во големата чистка која следува, сигурно ќе бидат само тројца фудбалери, тројца Германци и еден странец.
Баерн Минхен по заминувањето на Алаба има сериозен проблем во одбраната и иако потрошија 150 милиони на засилувања во одбраната, сепак не се задоволни. Упамекано беше фудбалер во кој веруваа многу во Минхен, но по серијата несфатливи потези, во него ја губат вербата од управата на Баерн Минхен.
Во моментов единствени четири играчи кои се со недопирлив статус се Мануел Нојер, Томас Милер и Мусијала.