Поради оваа повреда може и кариерата да и заврши: Убавата тенисерка од Шпанија прсна во солзи

Шпанската тенисерка Паола Бадоса, која ја сметаат за една од најубавите на ВТА турнирите, која воедно е и избраничка на срцето на Стефано Циципас, е приказна на денот.

Таа мораше да предаде меч против швајцарската тенисерка Лула Сан на турнирот во Дубаи, откако по првиот сет, сфати дека повредата не и дозволува да го продолжи натпреварот, а нејзината реакција на клупата е срцепарателна.

26 годишната Бадоса беше приморана да го предаде 32. меч во кариерата, а и самата е свесна дека последната повреда на грбот која ја мачи повеќе од половина година, може да и ја заврши кариерата.

Имено, Бадоса се повреди на Вимблдон минатата година, па паузираше се до почетокот на оваа година. Се врати во Аделаида, но се гледаше дека таа тешко се движи и дека ќе мора да го предаде мечот.

Но она што ја загрижува се огромните болки кои ги има и кои не и овозможуваат лесни движења на терен. Бадпса во април 2022 година беше втора тенисерка во светот и само се чекаше нејзин пробив кон врвот, но со ваква повреда која ја има, под голем знак прашалник и е кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО