Во Баерн Минхен решиле: Англичанецот може да си оди во мај

Познатиот германски весник БИЛД денеска објави дека англискиот фудбалски интернационалец Ерик Даер, на лето ќе ги напушти редовите на германскиот шампион.

30 годишниот англиски фудбалер во јануари пристигна на позајмица во Баерн Минхен, но очигледно дека плановите во Минхен се спротивни. Можеа во мај да го имаат бесплатно, но сепак донесена е конечна одлука.

Имено, управата на Баерн Минхен по опсежни анализи во статистиката, утврдиле дека Ерик Даер нема доволна брзина за да може да настапува во дресот на баварскиот клуб.

Неодамна Даер потфрлил на физичките тестови на тренингот на Баерн Минхен и дефинитивно го прецртале. Неговиот договор со Тотенхем истекува на крајот од мај, па веројатно и со нив ќе се збогува, па ќе си побара друг клуб во кариерата.

Од доаѓањето на Даер во Минхен, тој одигра само пет натпревари во Бундеслигата, а на теренот не беше присутен повеќе од 300 минути.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО