Ете го проблемот за Јунајтед: Има страшна голгетерска форма – но се повреди!

Расмус Хојлунд нема да биде дел од саботниот натпревар на Манчестер Јунајтед, против Фулам.

Како што соопштија од Манчестер Јунајтед, данскиот репрезентативец има повреда на мускулот и нема да биде во можност да му помогне на тимот и тренерот во следните 2-3 недели.

Тој може да настапува по неколку минути, но лекарскиот тим му посочил на тренерот дека од предострожност, не треба да се ризикува нова, посериозна повреда, па затоа ќе биде изоставен во следните десетина дена.

Тоа практично значи дека тој нема да биде на терен ни за ФА куп пресметката на Јунајтед против Нотингем Форест, како ни во градското дерби со Манчестер Сити, а под знак прашалник ќе биде и за мечевите со Евертон и Шефилд Јунајтед во Премиерлигата.

Ова сигурно ќе му зададе главоболки на Ерик Тен Хаг, кој мака мачи со повредите оваа сезона, па ќе мора да направи рокада во нападот и во централна улога да го врати Маркус Рашфорд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО