Екипата на Борнмут го направи изненадувањето на колото, во Премиер лигата, веројатно и во цела Европа.
Победата над Манчестер јунајтед на Олд Трафорд со 3:0 го стави Борнмут во центарот на вниманието, но менаџерот Ираола ја смирува ситуацијата, затоа што, според него, преголемата еуфорија поради ваквата победа може да има лоши последици.
– Сите тимови се доста блиску. Да победеше Манчестер јунајтед ќе беше пред нас. Прашање е на моментот, следната недела можеби ќе бидеме зад нив, прокоментира Ираола.
Оваа победа нема да исчезне, но не менува премногу. Мораме да освоиме уште многу бодови, па победуваме повторно недела по недела, натпревар по натпревар. Мислам дека нема смисла да се радуваме толку рано во сезоната.
Да, во моментов стоиме добро на табелата, но треба напорно да работиме за да останеме таму, изјави Шпанецот, па потоа го пофали и чуварот на мрежата на Борнмут.
-Настапите на Кепа ни помогнаа годинава. Мислам дека тој е самоуверен и со млада бековска линија ни требаат играчи со искуство. Ова е важна победа за нас. Победивме со 3:0, но беше потешко отколку што изгледаше, рече Ираола.