Во Арсенал решиле да освојат титула: Го распарчија Челси со 5:0

Избраниците на Микел Артета беа максимално убедливи вечерва на „Емирати“ во градското дерби против Челси, кои го победија со 5:0.

„Топчиите“ со оваа победа буквално покажаа дека се подготвени да одат до крај сезонава во битка за титулата, а високата победа ги исцртува нивните високи амбиции.

Се тргна од голот на Тросар во 4. минута. Потоа до крајот на полувремето мрежите мируваа, а возбудувањата дојдоа во вториот де.

Прво Вајт зголеми на 2:0 во 52. минута, пет минути подоцна Каи Хаверц зголемува на 3:0, а истиот играч само седум минути подоцна, зголеми на 4:0.

Печат на убедливата победа стави Вајт во 70. минута за висока победа и нова лидерска позиција на табелата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО