Вистинска драма: Поздравувајки се со колегите на тајм-аут, падна во безсознание

Драматична сцена го одбележа натпреварот помеѓу Оклахома и Портланд синоќа.

Кошаркарот на Оклахома Тандерс, Бизмарк Бијомбо во втората четвртина од натпреварот, ја загуби свеста и се сруши на клупата, додека неговите соиграчи доаѓаа на тајм-аут.

Бизмарк изненадно загуби свест и падна на подот, по што следуваше вистинска драма и конфузија во главите на неговите колеги.

Медицинскиот тим веднаш реагираше и за среќа кошаркарот на Оклахома набрзо дојде при свест откако му беше укажана помош, па во свесна состојба замина во под трибинскиот простор на дополнителен преглед.

Локалните медиумите истакнаа дека Бијомбо денеска ќе биде испратен на дополнителни тестирања со цел да се открие причината за неговото ненадејно колабирање.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО