Се јави шампионот Макс Верстапен за темата околу трансферот во Мерцедес

Трикратниот Ф1 шампион Макс Верстапен, сметаше дека е морално од негова страна да се јави и да ги разјасни дилемите и шпекулациите.

За него веќе извесен период се пишува дека би можел да биде наследник на Луис Хамилтон во болидот во Мерцедес, но тој сега се огласи и барем на неопределен период ги замолкна сите оние кои шпекулираат со негов трансфер во друг тим.

– Среќен сум во Ред Бул, се додека имаме добри резултати, немам причина да заминам од овде. Секогаш ќе ги почитувам договорите до крај, порача Верстапен.

Но и покрај нестварната доминација од минатата сезона, со 21 победа на 22 трки, Ред Бул има внатрешни проблеми кои ја растураат самодовербата на целиот тим и од тоа може да се изродат многу неочекувани работи, па и трансфер на Макс Верстапен.

Таткото на Макс Верстапен, Јос, имаше одредени несогласувања па и конфликтни ситуации со Кристијан Хорнер, па од таму почнуваат шпекулациите за евентуален трансфер во тимот од Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО