Винисиус: Ќе дадеме се’ за да го однесеме Реал таму каде што заслужува – во финалето

Винисиус ги постигна двата гола за Реал Мадрид во ремито 2:2 против Баерн Минхен во Минхен. Ова беше првата полуфинална средба во Лигата на шампиони, а реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е за една недела.

– Сакавме да победиме, така е на овој турнир. Не можете да направите голема предност бидејќи и двете екипи имаат одличен квалитет и можат да ги искористат шансите што ги имаат. Мора да се одмориме и да дадеме се’ од себе за да се најдеме во финалето.

Крос секогаш прави работите да изгледаат лесни. Тој ми додаде за првиот гол, но среќен сум за нивото на игра на тимот. Мора да се подобриме, но ако продолжиме вака, ќе успееме. Тренираме многу слични додавања како тоа на Крос. Го познавам Тони добро и тој ме знае мене. Среќен сум што постигнав два гола. Време е да го однесеме Реал Мадрид таму каде што припаѓа, во финалето!, изјави Винисиус.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО