Ферари демне: Наскоро ќе биде официјално – Њуи си заминува од Ред Бул

Еден од најзаслужните за успехот на Ред Бул во Формула 1 (Ф1) шампионатот, главниот инженер на австрискиот тим, Адријан Њуи ќе го напушти актуелниот шампион во конкуренција на конструктори.

Како што пренесуваат многу европски медиуми, се’ е договорено и се очекува Ред Бул да ја потврди оваа вест пред почетокот на трката за Големата награда (ГН) на Мајами.

Њуи е најуспешниот дизајнер на автомобили во модерната Ф1 и е член на Ред Бул од неговото основање во 2006 година. Причините за разделбата се наводното незадоволство од улогата што ја има во тимот и несогласување со тимскиот шеф, Кристијан Хорнер.

Овој 65-годишник има договор кој е со важност до крајот на 2025 година, и за заминувањето досега не се огласил. Исто така, Ферари, наводно веќе разговарал со Њуи и му испратил понуда за соработка.

Заминувањето на Њуи, тоа исто така потенцијално би го довело во прашање статусот на трикратниот последователен светски шампион, Макс Верстапен, кој е бескомпромисно лојален на Њуи и советникот Хелмут Маркo.

Њуи учествуваше во освојувањето на седум титули за возачи и шест конструктори за Ред Бул.

Во генералниот пласман сега води Верстапен со 110 бодови, а зад него е Перез со 85. Годинашниот шампионат во Ф1 продолжува со ГН на Мајами на 5 мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО