Вилијамс го спореди Дончиќ со легендарниот Меџик

Тренерот на Детроит Пистонс, Монти Вилијамс, го спореди кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ со легендарниот кошаркар Меџик Џонсон .

– Пробувате различни одбранбени системи против него, но сепак треба само да се надевате дека тој ќе направи грешка бидејќи е толку незапирлив. Тој е уникатен играч. На тој начин ме потсетува на Меџик Џонсон“ – вели Вилијамс.

– Генерално не ми се допаѓаат такви споредби, но тоа ми паѓа на памет. Дончиќ беше еден од момците кои ми правеа проблеми со спиењето кога бев во Феникс. Не спиев доволно“ – рече Вилијамс

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО