Виландер има интересен став: Алкараз може да биде поважен тенисер од Ѓоковиќ

Некогашниот шампион и познат тенисер Матс Виландер, смета дека Карлос Алкараз во иднина може да биде поважен, односно поголемо име од Новак Ѓоковиќ.

Тој важи за редовен критичар на Новак Ѓоковиќ, па сега смета дека има кандидат кој може за неколку години да ги засени бројките кои низ кариерата ги правеше српскиот тенисер.

Швеѓанецот истакна дека за него најважен тенисер во историјата е Роже Федерер, а дека Карлос Алкараз може да биде исто така важен, можеби и повеќе од тоа, од Новак Ѓоковиќ.

– Карлос Алкараз би можел да стане втор најважен тенисер во историјата на овој спорт. За мене најважен е Роже Федерер, не верувам дека Алкараз ќе може наскоро да го загрози рекордот на Новак во должината на владеењето на првото место на ранг листата, но засега, тој навестува дека може да дојде до повеќе идентични бројки како и Ѓоковиќ. Кога е во прашање значањето на тенисот, сметам дека Федерер е најважен за овој спорт.
– Карлос сега минува низ нешто што своевремено и Роже го минуваше. Тој е забавен дури и кога губи, фактот што Федерер беше способен да остане долго на врвот, а притоа неговите ривали да не се плашеа воопшто од нехо психолошки, е една од причините зошто верувам дека тој е најважен тенисер во овој спорт, порача Матс Виландер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО