Кол Палмер дефинитивно би имал место во таборот на Манчестер Сити со ваква форма како синоќа против Манчестер Јунајтед.
Многумина можеби во иднина ќе жалат поради наводната грешка на Пеп Гвардиола, но на Кол Палмер е само да ги демантира сите скептици, а тоа успешно го прави и тоа го видовме синоќа.
Не само што Палмер режираше мајсторски гол за победа, туку пред тоа и постигна гол од пенал кој му го овозможи тоа. Палмер запиша хет-трик против Манчестер Јунајтед, а малкумина низ кариерите можат да се пофалат со еден таков податок.
Палмер оваа сезона е убедливо најдобар играч на Челси, бележи неверојатни бројки за 21 година. Во Премиерлигата има учинок од 16 голови и 8 асистенции на 25 натпревари, додека во останатите натпреварувања каде што настапува Челси, тој има во 13 натпревари, пет голови и четири асистенции.
Од дебитантите во редовите на Челси, поуспешен од Палмер бил само Џими Флојд Хаселбанк кој учествуваше со 32 погодоци во првата сезона 2000/01, но ни Палмер не е далеку од тој скор, бидејки досега има 24.