(ВИДЕО) Скандалозна вербална пресметка: Белингам го нарекол Гринвуд „силувач“!

Во шпанските и во англиските медиуми, како и на социјалните мрежи, големо внимание предизвика вербалната пресметка меѓу младите англиски фудбалери на натпреварот Хетафе – Реал Мадрид, 0:2.

Џуд Белингем (20), најдобриот играч и стрелец на Реал, по дуелот со Мејсон Гринвуд (22) му дофрлил „силувач“.

Камерата го фатила Белингем во тој момент и човек не треба да е добар читач од усни за да го забележи очигледното, а тоа е дека играчот на Реал го кажува тој збор, односно го етикетира, го обвинува.

Хетафе побара од делегатот на натпреварот видеото од дофрлувањето на Белингем кон Гринвуд, кое стана вирално, да биде вклучено во официјалниот извештај од мечот за да може Ла лига да се превземе соодветни мерки.

Зошто Белигнам кажал такво нешто? Гринвуд до пред две години беше една од најголемите млади надежи на англискиот фудбал. Детето на Манчестер јунајтед кое се проби во првиот тим, беше предодредено и промовирано како еден од темелите на новиот Јунајтед.

Но, тогаш инфлуенсерката Хариет Робсон, неговата девојка и мајка на нивното дете, преку социјалните мрежи го обвини дека е насилен кон неа, дека ја тепал и ја принудувал на секс. Гринвуд беше уапсен и обвинет за обид за силување, физички напад и за „контролирано однесување“.

Девојката го пријавила Гринвуд за обид за силување и напад, но потоа ги отфрлила обвиненијата. Судењето не се одржа бидејќи сите клучни сведоци одбија да сведочат. На јавноста се’ уште не и’ е познато зошто го направиле тоа и дали Гринвуд некако се спогодил со жртвата.

Поради сево ова Гринвуд не играше од почетокот на 2022 година до летото 2023-та. Потоа замина на позајмица во Хетафе каде што игра одично сезонава, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО