НБА клубови размениле играчи кои се повредени цела сезона!

До истекот на рокот за размена на играчи во НБА остануваат уште шест дена. За да се „загреат“ Мемфис гризлис и Хјустон рокитс направија помалку збунувачка зделка во која разменија двајца ветерани кои ја пропуштаат целата сезона поради повреди!

Гризлис го испратија новозеландскиот центар Стивен Адамс во Хјустон во замена за Виктор Оладипо и за три драфт пика од втората рунда, два годинава и еден во 2025 година.

Адамс е 30-годишник кој во 12 сезони во НБА лигата имаше просек од 9,2 поени и 8,2 скока, но сезонава не игра поради операцијата на коленото.

Оладипо е поранешен втор пик на драфтот и учесник на два Ол-стар меча, кој во последните шест сезони одиграл само 138 од можните 437 натпревари поради различни повреди.

Сегашната повреда на коленото ја доживеа минатиот април. Оттогаш, тој беше трејдуван трипати, од Мајами во Оклахома сити, потоа во Хјустон и сега во Мемфис.

Зошто таквата размена? Ваквиот трејд изгледа како трансфер „од шупливо во празно“, што фактички е. Но Рокетс за следната сезона добива искусен центар со кој нивната млада ѕвезда Алперен Сенгун ќе може да напредува.

Гризлис добија одреден „капитал“ на драфтот и, што е многу поважно за нив, финансиски олеснувања.
Се ослободија и од договорот на Адамс вреден 12,6 милиони долари, што ги држеше блиску до втората граница на данокот на луксуз, чие преминување носи огромни финансиски последици.

Мемфис, можеби највозбудливиот млад тим во лигата лани, сезонава беше целосно уништен поради многуте повреди. Моментално имаат дури 10 повредени играчи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО