(ВИДЕО) Сите во Бостон играа за еден од најголемите губитници во НБА!

Кошаркарите на Бостон селтикс го совладаа Далас маверикс (106:88) во петтиот меч (вкупни 4:1), i ja освоија рекордната 18-та титула во клупската историја.

Прашањето на победникот беше решено практично на полувремето. Затоа  Џо Мазула, тренерот на Бостон во последните минути вадеше од паркетот еден по еден играч од стартната петорка за да добијат аплаузи и овации од публика.

Присутните во „Бостон гарден“ го поздравија МВП-то на финалето, Џејлен Браун, со овации беше испретен и најдобриот играч на тимот, Џејсон Тејтум, потоа Џру Холидеј и Дерик Вајт, но особено емотивно беше кога Ал Хорфорд (38) ја напушташе играта.

Најстариот играч на Бостон, човекот кој е постар три години од својот тренер, конечно доживеа победнички да заврши една сезона во НБА. Во најсилната кошаркарска лига на светот тој дојде во 2007 година кога Атланта го избра како трет пик на драфтот. По Хокс, играше за Селтикс, Сиксерс и Тандер, по што пред три години се врати во Бостон.


Хорфорд во регуларниот дел од сезоната во НБА има одиграно 1.078 натпревари со просек од 13,1 поен, осум скока, 3,2 асистенции и 1,2 блокади по натпревар. Во плеј-офот настапи на 186 меча со просек од 12,2 поени, осум скока, 3,3 асистенции и 1,2 блокади.

Хорфорд петпати беше дел од Ол-стар викендот, еднаш беше избран во третата најдобра петорка на лигата, еднаш во втората најдобра дефанзивна петорка и освои две титули во НЦАА, со Флорида.

Има и неколку медали со репрезентацијата на Доминиканската Република, но во целата таа приказна недостигаше една работа, титула во НБА.

Хорфорд до ноќеска имаше „сребрен медал“ во категоријата најголеми губитници меѓу најголемите НБА играчи. Со 186 натпревари во плеј-офот, без освоена титула, пред него беше само Карл Мелоун (193). Хорфорд зад себе ги остави „партнерот на Поштарот“, Џон Стоктон (182) и Сем Перкинс (167 меча).

Хорфорд се симна од таа листа и статусот на најголем „губитник“ меѓу активните играчи му го предаде на Џејмс Харден (166 натпревари во плеј-офот без прстен). Зад него е Крис Пол (149).

– Тоа беше долго патување во кое вложив многу труд. Многу сум горд што сум дел од овој тим. Не ми се верува дека го направивме ова. Ова е она што го сакав, да ја освоиме титулата пред нашите навивачи, изјави Хорфорд.

Во публиката беше и неговиот татко Тито, кој исто така играше во НБА во доцните 1980-ти и во раните 1990-ти. Но, тој не беше толку успешен.

Ал ја освои титулата, но многу е почитуван и е еден од најомилените соиграчи во НБА.

– Моравме да ја освоиме титулата, и поради Ал. Немаше многу време да го направи тоа. Тој е мојот омилен соиграч во кариерата, изјави Тејтум.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО