Сабаленка и Жобер нема да настапaт на Олимписките игри во Париз

Третата светска тенисерка, Арина Сабаленка од Белорусија и Онс Жобер од Тунис, 10-та на ВТА листата, нема да настапат на Олимписките игри (ОИ) во Париз,

Жобер (29), трикратна грен слем финалистка, на социјалните мрежи објави дека ќе го „прескокне“ Париз за да го сочува десното колено што го оперираше лани.

Таа во пораката објаснува дека „по консултација со лекарскиот тим во врска со учеството на Игрите во Париз, било одлучено дека брзата промена на подлогата би го довела нејзиното колено во опасност со што би го загрозила и остатокот од сезоната“.

– Отсекогаш сум сакал да ја претставувам мојата земја на кое било натпреварување, но морам да го слушам телото, истакна 29-годишната Жобер, која се натпреваруваше на ОИ во Лондон 2012, Рио 2016 и во Токио 2021 година.

Настапот на ОИ во Париз го откажа и Сабаленка (26) која како причина го наведе густиот распоред на натпревари под покровителство на ВТА.

Олимпискиот турнир во Париз ќе се одржи на земјените терени на Ролан Гарос, од 27 јули до 4 август. Ќе почне помалку од две недели по грен слем турнирот на Вимблдон (од 1 до 14 јули) и ќе заврши три недели пред почетокот на САД опен (од 26 август до 8 септември).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО