Каспер Хјулманд: Лесно е да се биде селектор од трибини

Селекторот на репрезентацијата на Данска, Каспер Хјулманд, одговори на критиките дека доцна направил замени на мечот со Словенија што заврши 1:1 на стартот на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Откако поведоа преку Кристијан Ериксен во 17. минута, Данците кон средината на вториот дел како да ја загубија силата и енергијата, по што Словенија успеа да дојде до изедначување и да направи неколку шанси за предност.

– Да ги направев промените порано, а потоа тие да ни дадоа гол тогаш ќе ме прашуваа зошто сум направил промени во тим кој функционира добро, им изјави селекторот на Данска на новинарите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО