Кошаркарите на Далас синоќа на гости во Сакраменто ја постигнаа 44-та победа сезонава, а мечот го одбележа потегот на Лука Дончиќ.
Словенецот погоди едно од двете слободни фрлања за +4 (107:103) на четири секунди до крајот, по што гестикулираше кон поранешниот генерален директор на „кралевите“, Владе Дивац. И не застана тука.
Одејќи кон својата клупа, Дончиќ дофрлаше и покажуваше со прст кон Дивац, велејќи: „Требаше мене да ме избереш на драфтот“…
Оваа приказна не е непозната за љубителите на НБА лигата. Имено, Кингс во 2018 година го имаа вториот пик на драфтот, и го избраа Марвин Багли трети, кој моментално е член на Вашингтон визардс.
Тој е многу добар кошаркар, но неговата досегашна кариера едноставно не може да се спореди со онаа на Дончиќ, кој не пропушти да го потсети Дивац на големата грешка.
Навивачите на Сакраменто веројатно тоа никогаш нема да му го простат на Дивац. Тој со години беше критикуван за ова, а во 2020 година реши да каже доста и да се повлече од функцијата генерален директор на клубот.
“HE SHOULDA’ DRAFTED ME!”
— What Luka Doncic said to his Dallas Mavericks teammates after hitting a clutch free-throw, then pointing to former Kings GM Vlade Divac
Divac selected Marvin Bagley III over Luka Doncic in the 2018 NBA Draft.
Luka has led Dallas to back-to-back… pic.twitter.com/hW2tDKSqUk
— NBA Buzz (@OfficialNBABuzz) March 30, 2024