(ВИДЕО) Пикси му возврати на Тадиќ: Уф, не е добро ако го рекол тоа, воопшто не е добро!

Англија ја победи Србија со 1:0. Освен во воведниот дел од мечот, Србија изгледаше храбро и одлично, а еден од најголемите фаворит на турнирот изгледаше бледо и стерилно, особено во вториот дел од мечот. .

По натпреварот имаше доста незадоволни. Покрај резултатот, незадоволен од третманот беше и капитенот, Душан Тадиќ, кого селекторот Драган Пикси Стојковиќ го внесе во игра дури во 61. минута, наместо Александар Митровиќ.

– Јас сум капитен, јас сум лидер. Мислам дека сум најдобриот играч во ввој тим, без лажна скромност. Се разбира, мислам дека требаше да почнам, но ја почитувам одлуката на селекторот, изјави, меѓу другото, Тадиќ, играч на Фенербахче.

Селекторот пак објасни дека тоа е „дел од тактиката“ затоа што „сакав да го поштедам“ и затоа што „знаев дека второто полувреме ќе биде одлучувачко“. За изјавата на неговиот капитен и напаѓач тој дозна на прес-конференцијата и не му се допадна тоа што го слушна.

– Ух, не е добро ако го кажал тоа, воопшто не е добро. Не е добро. Тоа беше моја одлука од тактички причини. Го сакав Тадиќ со свежи нозе во вторите 45 минути и тоа е единствената причина. Станува збор за тактика, ништо повеќе, рече Стојковиќ.

Селекторор потоа ја прокоментира и забелешката на еден новинар дека одлуката Тадиќ да биде на клупата би можела да предизвика „бура“.

– А, бе каква бура? Тамам работа. Ќе нема бура околу капитанот. Моја одлука, мое видување на ситуацијата. Нема полемика околу тоа. Јас ги носам одлуките, јас сум тој што е на тоа место. Нема простор за полемики. Да, тој можеше да го почне натпреварот, но јас сум тој што ги носи одлуките, истакна Пикси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО