Тадиќ контра Стојковиќ: Јас сум најдобар играч, требаше да го почнам мечот

Во Гелзенкирхен синоќа, Англија ја победи Србија со 1:0, во првото коло од групата Ц. Стрелец на победничкиот гол беше Џуд Белингем во 13. минута. Иако Англија влезе во натпреварот како голем фаворит, освен голот што го постигна во раната фаза и центаршутот на Кејн во 77. минута, не видовме ништо од нив.

Избраниците на Герет Саутгејт одиграа јалов и блед меч. Србија беше поконкретна во раниот дел од натпреварот, но не знаеше како да дојде до вистинската шанса и да постигне гол.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, изненадувачки во стартната постава не го стави капитенот Душан Тадиќ.

– Не беше повреда во прашање, туку дел од тактиката. Сакав да го поштедам. Знаев дека вториот дел ќе биде одлучувачки. Го сакав свеж, тоа беше дел од тактичкиот план, изјави Пикси за „Арена спорт по натпреварот“. на прашањето зошто Тадиќ беше внесен во игра дури по еден час игра.

Тадиќ по натпреварот имаше коментар на одлуката на Стојковиќ.

-Разговарав со селекторот, се разбира, имаме добра комуникација. Тешко го прифатив тоа бидејќи натпреварот е против Англија. Јас сум капитен, јас сум лидер. Мислам дека сум најдобриот играч во овој тим, без лажна скромност.

Се разбира, мислам дека требаше да го почнам мечот, но ја почитувам одлуката на селекторот. Можев многу повеќе да доколку одиграв  90 минути. Ако тој сака Душан Тадиќ да одигра 30 минути, Јас сакам да играм 90 минути, но ја почитувам одлуката, рече Тадиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО