(ВИДЕО) НБА лига: Мареј даде 44 коша, од 44 шута, за победа на Атланта над Бостон

Бекот на Атланта хокс, Дежонте Мареј го „потопи“ Бостон селтикс постигнувајќи 44 поени, вклучувајќи го и победничкиот во последната секунда од продолжението за победа од 123:122.

За 44-те поени на Мареј му беа потребни дури 44 обиди од поле! Тие 44 шута на Мареј беа седми најмногу на НБА натпревар од 1984 година (рекордер е Коби Брајант со 50),  и најмногу откако Расел Вестбрук имаше 44 шута во 2016 година.

Мареј освен 44-те поени, забележа седум скока, седум асистенции и две украдени топки. Тој шутираше 18/44 од поле, вклучувајќи 6/19 тројки, и постигна сите 11 поени во продолжението.

Мареј по натпреварот изјави дека претпочитал да има помалку шутеви, но и оти покојниот Коби Брајант би бил горд на него.

– Сè уште чувствувам дека играв ужасно. Не сакам да шутирам толку многу. Но знам и дека Коби би бил горд на мене, изјави Мареј.

По повредата на Тре Јанг на 23 февруари, Мареј има просек од 28,1 поени по натпревар со што го подигна и онака високиот просек во кариерата, на 22,4 поени.

Тој постигна 44 и повеќе поени на три од 17-те натпревари по повредата на Јанг. Тој даде 28 поени или повеќе на четири од последните пет натпревари.

Поразот воопшто не му наштети Селтикс. Тие и натаму го имаат најдобриот скор во НБА сезонава, 57-16 и веќе го обезбедија првото место во плеј-офот од Источната конференција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО