(ВИДЕО) НБА лига: „Дончиќ шоу“ во Далас

Лука Дончиќ ги предводеше Далас маверикс до третата последователна победа, седма на последните осум натпревари, против Јута џез, 113:97.

Овојпат Дончиќ не оствари трипл-дабл, застана на 34 поени, девет скока и осум асистенции, но и четири украдени топки, една помалку од ефектот во кариерата.

Тој украде една топка од дебитантот Кејонте Џорџ во третата четвртина, се испружи на подот по неа, и свртен со грбот му ја додаде на Кајри Ирвинг, кој веќе трчаше во контра за да ја заврши акцијата со атрактивно додавање до Дерик Џонс јуниор.

Минатата ноќ, Маверикс на моменти изгледаа како „Шоутајмот“ Лејкерс од времето на Меџик Џонсон.

Но тоа не беше единствениот спектакуларен потег на Дончиќ на натпреварот. Во една акција Дончиќ му ја „сервираше“ топката на Ирвинг, кој изведе едно од ретките забивања. Сезонава, до синоќа, тој заби само трипати, поради што ги насмеа и соиграчите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО