(ВИДЕО) НБА лига: Богдановиќ му се внесе во лице на тренерот, соиграчите ги разделуваа

Атланта хокс го совлада Чикаго булс со 113:101, во важен натпревар за двете екипи кои се борат за место во плеј-офот. Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ беше еден од најдобрите играчи на тој натпревар, со 20-те поени, погодувајќи 6/7 шута.

Но Богдановиќ бурно реагираше на една одлука на тренерот пред крајот од натпреварот, кога Атланта имаше сигурно водство и беше на пат кон победата. Српскиот играч му се втурна во лицето на тренерот, Квин Снајдер поради што скокнаа соиграчите од клупата за да го смират.

По натпреварот тој изјави дека тоа не е ништо чудно и дека повремената кавга меѓу него и тренерот значи дека и двајцата ја сакаат победата! „Квин е мој човек, ме турка цело време. Имаме мали расправии одвреме, навреме, но тоа е нормално“.

Тренерот Снајдер, исто така додаде дека нема проблеми со Богдановиќ, иако имале вербална расправија.

– Боги беше одличен. Се’ е во ред со него. Навистина ми се допадна неговата игра. Играше одбрана што е многу значајно и беше ефикасен колку што можеше, потенцираше тренерот на Атланта.

Богдановиќ (31) е една од главните причини зошто Атланта е во борба за плеј-офот. За најдобриот играч на тимот, Тре Јанг, прерано заврши сезоната, по што Богдановиќ беше втурнат во првата петорка. Тој ја има најдобрата сезона во кариерата, постигнувајќи во просек 17 поени по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО