(ФОТО) Ѓоковиќ пристигна во Монте Карло, со него е и новиот тренер?

Новак Ѓоковиќ за прв пат во последните шест години дојде на турнирот во Монте Карло без Горан Иванишевиќ, но тоа не значи дека ќе нема тренер на Мастерс  турнирот.

Светскиот рекет број 1 се’ уште официјално ништо не потврдил, но се чини дека во иднина ќе соработува со некогаш најдобриот светски дубл играч, Ненад Зимоњиќ.

До почетокот на турнирот има една недела, но Ѓоковиќ веќе е во Монако, што покажува колку сериозно сака да се врати на победничките патеки. Ѓоковиќ беше фотографиран во Монако како позира со Зимоњиќ (47) со кого тренира откако минатата недела објави дека се разделува со Иванишевиќ.

Годинава не му оди најдобро на Ѓоковиќ, се’ уште е без трофеј, поради што реши да го смени тренерот. Зимоњиќ некогаш му беше соиграч, а потоа и селектор во репрезентацијата. Тие заедно го освоија Дејвис купот во 2010 година.

Зимоњиќ има освоено 54 турнири, и загубено 37 финалиња. Осум пати триумфира на грен слем турнирите, трипати во двојки и уште петпати во мешани двојки.

Ѓоковиќ, следната недела ќе стане рекордер. На новото АТП рангирање кое ќе биде објавено на 8 април, тој повторно ќе биде број 1, 420-та недела како најдобар рекет во светот. Со тоа тој од Роџер Федерер ќе го преземе епитетот најстар играч број 1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО