Фудбалерите на Челси незадоволни од менаџерот Покетино, бараат тој да си замине?

Некои таблоиди во Англија наведуваат дека, наводно, повеќето играчи на Челси побарале Маурицио Покетино да си замине од клубот! Нивната реакција доаѓа по последниот меч во Премиер лигата одигран против Барнли на стадионот „Стамфорд бриџ“ кој заврши без победник (2:2).

Според тие извори, играчите инсистираат Аргентинецот да си замине на крајот од сезоната. „Сините“ од Лондон се наоѓаат на 11. место на табелата, а во наредната рунда ги очекува дербито со Манчестер јунајтед.

По тој натпревар поголемиот број навивачи на Челзи негодуваа, а сопругата на Тиаго Силва, Бел, објави криптична порака која изгледаше како повик за заминување на Покетино!

Покетино (51) по мечот со Барнли рече дека бил задоволен од напаѓачката игра на неговата екипа, но и разочаран од одбраната, откако двапати го прокоцкаа водството против 19-от Барнли кој беше со 10 играчи од 40-та минута.

Покетино е под постојан притисок поради лошите резултати сезонава, откако  минатото лето беа потрошени околу 400 милиони фунти на трансфер пазарот. Челси моментално е на 11-тото место во Премиер лигата, со 15 поени помалку од четирите најдобри тима.

Но клубот би го чинело многу пари ако му даде отказ на Покетино кој потпиша двегодишен договор со лондонскиот клуб лани летото. Тој има уште 18 месеци од тој договор, што значи дека доколку Челси го отпушти, заедно со помошниците, ќе мора да плати околу 10 милиони фунти како надомест.

„Дејли мејл“ објави дека „сините“ стравуваат оти со отпуштањето на Покетино ќе ги прекршат правилата за профит и одржливост на Премиер лигата. Тоа пак значи дека тој најверојатно нема наскоро да си замине од Лондон.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО