(ВИДЕО) НБА: Дончиќ блеска и поставува рекорди, Далас во губитничка серија

Словенецот Лука Дончиќ го одигра четвртиот последователен натпревар на кој забележа трипл-дабл ефект со најмалку 30 поени, но и покрај тоа Далас маверикс загубија од Индијана пејсерс со 120:137 пред своите навивачи.

Дончиќ го заврши натпреварот со 39 поени (15/30 шут), 10 скока и 11 асистенции, за четврти последователен трипл-дабл ефект со најмалку 30 поени.

Расел Вестбрук е единствениот кошаркар во историјата на НБА кој на пет натпревари по ред постигнувал 30 и повеќе поени, и забележал над 10 скока и 10 асистенции. На Оскар Робертсон, како и на Дончиќ, тоа му успеало четирипати.

Добрата игра на Дончиќ не беше наградена со триумф на неговиот тим, бидејќи девет играчи од гостинскиот тим постигнаа двоцифрен број поени. Нестартерите на Индијана дадоа 69, а играчите од клупата на Далас само 32 коша.

По седумте последователни победи, Маверикс се во губитничка серија, односно на последните шест меча беа поразени петпати.

Синоќешниот натпревар и таа лоша серија го налутија Дончиќ, кој по мечот бесно го фрли шишето на подот и им порача на новинарите дека неговиот тим мора да ја подобри одбраната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО