Во Лигата на шампиони (ЛШ) вечерва ќе се одиграат уште два реванш осминафинални натпревара, Манчестер сити – Копенхаген и Реал Мадрид – Лајпциг.
Бранителот на шампионската титула, Манчестер сити го совлада Копенхаген на првиот меч на гости со 3:1, и е многу блиску до пласман во следата, четвртфинална фаза.
Сити е голем фаворит и ќе биде вистинско чудо доколку Копенхаген успее да го надомести дефицитот од двa гола.
Згора на тоа данскиот тим нема забележано победа на седумте натпревари во натпреварувањата на УЕФА во Англија (две ремија и пет порази). Во октомври 2022-та Сити на „Етихад“ го победи Копенхаген со 5:0
Најтрофејниот со 14-те титули, Реал Мадрид на стадионот „Саантијаго Бернабеу“ го пречекува Лајпциг кого во првиот меч го победи минимално, помалку и среќно, со 1:0.
На „кралевите“ кои се во серија од 11 меча дома без пораз во ЛШ (10 победи и едно реми), им се даваат поголеми шанси за пласман меѓу осумте најдобри, но германскиот тим воопшто не смее да се потцени.