(ВИДЕО) Матео Меси прави се’ како татко му, дава голови, дрибла…

Познатата изрека дека крушата под круша паѓа одлично опишува различни животни ситуации, па така и во случајот со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси.

Неговиот син Матео стана вирален на социјалните мрежи поради снимката од натпреварот кога постигна пет гола. За работите да бидат уште подобри, неколку од тие голови дојдоа од соло-акции кои би го направиле неговиот татко горд.

Најпрвин Матео постигна гол од слободен удар кога ја собра пајажината, по што голот го прослави дувнувајќи бакнеж на некого на трибините.

Потоа постигна неколку голови на карактеристичен начин како татко му, „среди“ неколку противници и го остави противничкиот голман немоќен. Беше незапирлив и покажа дека дефинитивно оди по стапките на својот славен татко.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО