(ВИДЕО) ЛШ: Шампионот на БиХ го напушти теренот во Албанија поради скандирање „Убиј го Србинот“

Во првото прелиминарно коло од Лигата на шампиони (ЛШ) играа албанската Игнација и шампионот на БиХ, Борец од Бања Лука.

Уште на првиот меч во Бањалука имаше проблеми поради извиците од трибините „Косово е Србија“. Лутите Албанци во 70. мунута го напуштија теренот и сакаа мечот да се прекине, а слично се случи и на реваншот во Елбасан.

Од трибините одекнуваа извиците „УЧК, УЧК“, а имаше и знамиња на т.н. Ослободителната војска на Косово. Во еден момент од трибините се слушнаа извици „Убиј го Србинот“, по што играчите на Борац го напуштија теренот во 13. минута, по инструкциите од Стручниот штаб.

На тоа реагираше и судијата Фабио Мареска кој поразговара со капитените на тимовите,  а домаќините ги замолија навивачите да престанат со навредите по што натпреварот продолжи. УЕФА претходно мечот го означи со „висок ризик“ и затоа на двата меча немаше гостински навивачи.

Во првиот натпревар Борац победи со 1:0, а во вториот подобра беше Игнација со 2:1, но натаму оди тимот од Бањалука по подоброто изведување пенали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО