Кој е ставот на Анчелоти за иднината на Ѓулер?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека најдобрата опција за развој на кариерата за младиот турски играч од средниот ред, Арда Ѓулер (19) би била да замине на позајмица следната сезона.

На ова очигледно ќе влијае веројатното доаѓање на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Ѓулер сезонава настапи на пет натпревари, на теренот мина 92 минути, но не даде ниту еден гол.

Договорот на Ѓулер со Реал е до летото 2029 година. Според Трансфермаркт, неговата моментална пазарна вредност изнесува 15 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО