(ВИДЕО) Јувентус го освои Купот на Италија, шоу на Алегри!

Јувентус ја совлада Аталанта со 1:0, со голот на Србинот Душан Влаховиќ во четвртата минута, и по рекорден 15-ти пат триумфира во Купот на Италија, на натпреварот што одигра на Олимпискиот стадион во Рим.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри имаше неколку изливи на бес, за време и по мечот. За него веројатно ова е последниот од 12-те трофеи што го освои со Јувентус, во првиот мандат, од 2014 до 2019 година, а потоа и во во вториот, од 2021-та.

– Клубот има право да процени што сака, изјави Алегри по натпреварот на кој беше исклучен при крајот на мечот по несогласувањето околу една судиска одлука

Лутиот Алегри го соблече сакото, потоа ја фрли и вратоврската, па почна да ја откопчува и кошулата! Но неговата лутина не заврши тука. Пред доделувањето на трофејот, тој беше снимен како го турка од себе спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли.

– Ништо не се случи, славев со навивачите и со играчите. Го почитувам клубот, тој човек и немам проблем со никого. Сакав само да славам со момчињата. Иако не го освоивме првенството, успеавме да се квалификуваме за Лигата на шампиони и го освоивме купот, рече тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО