Димитриевски со ново рекордно остварување

Македонскиот фудбалски репрезентативец, голманот Столе Димитриевски, постави нов рекорд во Рајо Валјекано. Тој на вчерашниот меч со Гранада (2:1) стана голман со најмногу настапи во клупската историја на шпанскиот тим.

Димитриевски сега има настапено на 190 меча за Рајо, односно на еден повеќе од досегашниот рекордер, Вилфред. Македонскиот интернационалец претходно го урна рекордот за најмногу мечеви без примен гол во дресот на Рајо и за најмногу такви средби во една сезона.

Пред Димитриевски сега се две опции, да потпише нов договор со Рајо или да замине во друг клуб летово.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО