Првото клупско СП за жени ќе се одржи во 2026 година

Првото клупско Светско првенство (СП) во фудбал за жени ќе се одржи во јануари и февруари 2026 година, потврди ФИФА. Турнирот со 16 екипи ќе се одржува на секои четири години и во текот на домашната сезона за европските лиги, помеѓу групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и нокаут рундите.

ФИФА ја објави намерата да создаде глобално женско клупско натпреварување во декември 2022-та, а Советот на ФИФА ги потврди тие планови вчера во Бангкок.

Советот на ФИФА, исто така, одобри нов меѓународен календар на натпревари за периодот 2026 – 2929 година, со цел да им обезбеди на играчите повеќе можности за одмор и опоравување со намалување на бројот на меѓународни паузи од шест на пет.

Првото издание на проширениот турнир на клупското СП за мажи, што исто така ќе се одржува на секои четири години, закажано е за следното лето во САД.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО